Бизнис
4. September 2017 - 20:26

Владина делегација ја промовира Македонија пред израелски инвеститори

Македонија има голем потенцијал што како држава може да им го понуди на  инвеститорите. Природни ресурси, квалификувана работна сила и помош на претпријатијата да се развиваат. Затоа соработувајте – вака премиерот Заев ги повика израелските инвеститири да ја посетат Македонија и евентално да вложат. Искажа отвореност да ги примени искуствата од Израел, земја  која по територија е помала од Македонија,  но е меѓу првите во светот по бројот на старт уп компании, што е една од планираните мерки на владата.

Премиерот на бизнис форумот ги истакна поволните даноци, позитивната бизнис клима, владината ориентацијата кон поддршката  и развој на домапшните и создавање услови за реални инвестиции, пред се во  земјоделиетието, енергитиката и туризмот. Дополнителен стимул за поголема економака соработка може да придонесе воведување директен авио лет Македонија – Израел.