Македонија
9. January 2016 - 16:55

Владиката Петар со пораки против абортусот

Владиката Петар повторно го осуди абортусот. Во својата традиционална божиќна порака истакна дека иако во првиот божји благослов стои да се раѓаме и множиме, ние денеска не само што не се раѓаме туку и ги убиваме зачнатите во утробите.

Тој нагласи дека со непочитувањето на оваа божја заповед всушност се намалува популацијата, што оди рака под рака со белата чума.

- Ние денес не само што не се раѓаме, туку и убиваме, ги убиваме зачнатите во утробите, ги абортираме. И не само што не се множиме туку и се намалуваме. Не смееме ниту да помислиме, а уште помалку да го спречуваме зачнувањето на животот во утробите на мајките со контрацептивни средства или со било какви други средства, рече Владиката Петар.

И светските експерти по демографија се погласно предупредуваат дека белата чума му се заканува на светот. Прогнозите се катастрофални. Според ОН до крајот на векот на планетата ќе има 100 милиони жители помалку.