Бизнис
13. September 2017 - 16:25

Владата тврди дека странските компании добиле 225 милиони евра за влез во Македонија- ВМРО-ДПМНЕ негира

За 10 години Владата потрошила 225 милиони евра за да привлече 25  странските компании, кои отвориле 20 илјади работни места. Од овие пари, како директна, неповратна помош исплатени се 25,8 милиони евра.

Според пресметките на власта , отворање на едно работно место ја чинело државата од 1 до 11 илјади евра.  Најголем дел од сумата , 130 милиони евра се трошоци направени за привлекуваање странски инвеститори. За   даночни и  царински  ослободувања државата  изгубила во буџетот  69 милиони евра.

- Во однос на вработувањата, не се работело за нови вработувања, туку во најголем дел биле работници преземени од македонското стопанство. Договорите биле склучени во затворен круг, немло документи или критериуми за преговарање, преговарале министри, советници, посредници без критериуми и сите податоци биле тајни. Тајните договори биле склучувани без критериуми, некои добивале повеќе, а некои помалку. Сите овие договори се важечки и Владата ќе ги исполни договорените обврски со сите компании“, изјави портпаролот на Влада, Миле  Бошњаковски.

Апсолутно неточни се бројките кои ги презентира власта, тврдат од ВМРО ДПМНЕ. Отворени се 25 илјади работни места, а ги нема странските  компании кои инвестирале надвор од зоните.  Велат, Владата  не даде одговор на најклучното прашање – која е користа  од влезот на странските компании

Од власта велат – само за обуки на вработените биле исплатени 5 милиони евра. Од опозицијата возвраќаат - – ако сакаат работниците да работат на  најсовремени машини – мора да се обучат.. Според анализиата на власта, само 1% од домашните компании соработувале со странските.

Опозицијата пак возвраќа –  црното сценарио кое сака да го нематне власта е да ја дефокусира јавноста од промашените економски политикити  и негативни  резултати , кои не само што нема да привлечат нови компании, туку ќе ги избркаат и постојните.