Бизнис
20. July 2015 - 20:48

Владата субвенционира вработување лица од социјален ризик

Владата ќе ја исплаќа бруто платата за вработување лице од социјален ризик. Според огласот, за вработување лице од оваа категорија владата во рок од половина година ќе го субвенционира работодавачот со 17.000 денари за ангажирање лице со повисоки квалификации и 14.900 денари за лице без квалификации.

Освен бруто платата, работодавачот во текот на тие шест месеци  ќе добива и 5000 денари за обука на работникот. Обврска за газдата е по истекот на субвенционираниот период да го задржи лицето на работа уште шест месеци.

Субвенцијата важи за вработувањње лица кои се корисници на социјална и постојана парична помош, лица кои имале статус на деца без родители, корисници на програмата за условен паричен надоместот за средно училиште, жртви на семејно насилство, лица корисиници на стипендии и млади до 29 години кои живеат во семејства со приход помал од 50% од прпсечната плата.