Македонија
15. July 2017 - 18:07

Владата сеуште не го доставила договорот со Бугарија до пратениците

Претениците во македонското собрание се уште очекуваат Владата да го испрати договорот за добрососедство и соработка со Бугарија кој треба да се потпише на 2-ри август. Вчера Премиерот Заев од собраниската комисија за европски прашања побара собраниска седница затворена за јавноста на која ќе ја презентира содржината на договорот.

Од владата пак се уште нема испратено барање до Собранието за свикување седница. Во писмен соопштение испратено од прес службата велат дека одлуки за меѓународните политики ќе се носат во законодавниот дом.

Владата на Република нема доставено барање за посебна седница, да се дискутира за Договорот за добрососедство со Бугарија. Владата на Република Македонија ги промовира принципите на транспаретност, отчетност и инклузивност. За сите политики во процес, вклучувајки ги и меѓународните, граѓаните ќе бидат редовно и темелно информирани, а одлуките за нив ќе се носат во Собранието на Република Македонија од страна на пратениците избрани од граѓаните, се вели во писмениот допис од владата.

За свикување затворена собраниска седница потребна е согласноста на две третини од пратениците. До сега ВМРО-ДПМНЕ бараше јавно да се говори за договорот кој го усогласија Заев и Борисов.

И  ГРОМ денеска побара пред склучувањето на договорот за добрососедство, по него да се изјаснат и граѓаните. Граѓанската опција за Македонија предлага референдум кој ќе се одржи на денот за избор на градоначалници и совети на општините.

Од ГРОМ додаваат дека за разлика од македонските власти, официјална Софија уште пред 10 дена го доставила договорот за доборосесдство пред пратениците во бугарското собрание.