Владата препорача излезни решенија за затекнатата состојба во ЕЛЕМ
Владата на Република Македонија на денешната седница разгледа информација за затекнатата состојба во АД Електрани на Македонија во периодот од почетокот на оваа година до 1 август.
Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека според анализата, производството на електрична енергија во ЕЛЕМ е во континуирано опаѓање, додека, пак, потрошувачката на јаглен и мазут, по произведен мегават електрична енергија, е во постојан пораст. - Оваа, како што се наведува, нелогичност во работењето на ЕЛЕМ, според согледувањата во информацијата, се должи на несоодветната ревитализација на соодветните капацитети за електрична енергија, како и на недомаќинското работење со склучување скапи договори со надворешни компании од поранешното раководство.
Според анализата карактеристика во затекнатото работење на АД ЕЛЕМ е прекумерната и непродуктивна превработеност, а за платите и хонорарите на преку 5.489 вработени и ангажираните лица со авторски договори, во 2016 година биле потрошени 56,8 милиони евра.
- Како исклучително високи трошоци за разни услуги, највисоки се оние за услугите на адвокатски канцеларии во земјата и во странство, кои за три години изнесуваат 2,5 милиони евра, стои во соопштението.
На денешната седница, Владата на РМ му препорача на новото раковдство на АД Електрани на Македонија, да предложи излезни решенија за оваа ситуација во која се наоѓа компанијата, да ги стави во употреба сите капацитети за да го зголеми производството на електрична енергија за да се избегнат евентуални проблеми со недостигот на струја и за да се избегне фактот кој навестува најниско производство на електрична енергија во историјата на ЕЛЕМ.
На денешната седница, владата сугерираше дека за оваа состојба, во која е доведено ова акционерско друштво на 1 август кога компанијата е преземена од новиот раководен тим, треба да биде подготвена сеопфатна информација за запознавање на јавноста.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите