Македонија
5. July 2017 - 16:10

Владата објави акциски план 3-6-9 за спроведување реформи

3, 6, 9... е насловен акцискиот план на Владата за реформи во насока на вреќање приоритетите од евро агендата. Името на планот значи и времеска рамка на рокови за реализација. Во првите три месеци до локалните избори имлементација на сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, ГРЕК, Венецијанската комисија, извештаите на Европската Комисија.

Следните три месеци до декември, владата очекува остранување на условената препорака, а во наредните три до извештајот на Комисијата и добивање датум за апреговри.

Во првата група од акцискит план Владата предвидела имплементација на препораките од Брисел во делот на изборите, работата на Собранието, Граѓанскиот сектор, медиумите, јавната администрација, судските реформи, реформи во службите за безбедност.

Во првите три месеци, Владата ќе усвои иу предлог закон за употреба на јазиците, кој потоа ќе биде испратен на консултации во Венецијалнската комисија.

Најголем дел од реформите во овој дел се однесуваат на изборите и зајакнување на државната изборна комисија. 

Во делот на медиумите ќе има укинивање на владините реклами за комерцијалните редиодифузери, освен како што стои во предлогот, (социјалните медиуми). Во првите три месеци, освен на судските реформи, а меж нив е и подготовка на новз акон за заштите на сведоци, Владата ќе отвори и дебата за моделот за реформа на системот за следење на комуникациите и општа дебата за рефрмите во безбедносните служби.

Во првиот тримесечен рок, Владата предвидела повеќе од 70 точки во сите овеи сектори, на кој ќе работи, почнувајќи од дебати, па се до носење на декалрации и законски измени.