Бизнис
10. September 2017 - 17:20

Владата најавува дека странските инвеститори ќе пристигнат откако ќе ги објават новите мерки

Над 10 странски компании ќе инвестираат во Македонија. Одлуката ќе ја обелоденат веднаш откако Владата наредната недела ќе ги презентира новите сет  мерки за зголемување на конкурентноста и раст на индустријата. . Вицепремиерот Анѓушев најави дека Влада нема да избрка ниту еден странски инвеститор и целосно ќе ги  испочитува договорите потпишани со претходната влада.  Вкупната бројка колку измнесувала помошта која ја добивале  странките инвеститоири , ќе се знае идната недела.

Изминатиот период интензивно се разговарало за над 250  домашни и странки комапнии. Се детектирале проблемите и начините за нивно решавање. Најголем дел од постоечките фирмни се жалеле на бавниот поврат на ДДВ, нелојалната конкуренција, долгите процедури за добивање дозволи, висината на казните.

Вицепремиеорт Анѓушев  најави и дека во сетот мерки предвидено и државата да партициопира за  зголемување на просечната плата до 30 илјади денари.