Македонија
25. September 2017 - 16:16

Владата најави дека никој од кандидатите нема да може да користи државни ресурси за изборна кампања

Ниту еден кандидат за градоначалник нема да користи државни ресурси за време на изборната кампања. Од Владата велат дека забраната за мешање на држава и партија е еден од главните предуслови за одржување на фер и демократски избори.

 Во пресрет на изборите Владата донесе декларација за заложби за слободни и фер избори. Усвоивме и дистрибуираме прецизно упатство за начинот на постапувањето на премиерот, министрите во Владата и на сите останати државни функционери за користење на државните ресурси како возила, опрема и останато за време на изборната кампања, истакна Поповски. 

Министерот Поповски наброја низа мерки кои придонеле за поголема транспарентност на Владата, полесен пристап на медиумите до информации и државни институции отворени за граѓаните.

Според Поповски, Владата поставила нови стандарди за комуникации, транспарентност и отчетност, а за таа цел во секторот за комуникации се ангажирани 33 лица.