Свет
16. January 2017 - 19:42

Владата на Ирска пред колапс, се поголема веројатноста од вонредни избори

Владата на Северна Ирска се најде денеска пред неизбежен колапс, седум дена по оставката на заменикот-прв министер Мартин Мекгинис, која го покрена уривањето на Владата.

Подоцна во текот на денот се очекуваат дека ќе бидат распишани и педвремени избори. 

Само неколку минути откако се состана Парламентот, ирската националистичка партија Шин Фејн одби да именува некој, кој ќе го пополни испразнетото место по оставката на Мекгинис. 

Денеска е последниот ден за пополнување на празното место на партијата Шин Фејн.

Министерката за здравство Мишел О’Нил од Шин Фејн ги обвини колегите од протестантската Демократска унионистичка партија дека го „туркаат“ падот на Владата поради нетрпеливост кон ирските националисти и поради неспособноста во работењето.