Бизнис
13. September 2017 - 9:51

Владата ќе објави информации за државната помош за странските инвеститори

Владата на Република Македонија денеска ќе објави информации за тоа колку државна помош им е доделена на странските инвеститори.

Податоците се содржани во „Анализата на трошоци - наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2007 - мај 2017.

Анализата е направена по одлуката донесена на владина седница за декласификација на договорите потпишани од поранешната влада.

На презентацијата ќе се обрати портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Поради обемноста на материјалите, од Владата за следните денови најавуваат втора прес-конференција.