Владата ја одржа 39. седница
Владата на Република Македонија на денешната 39-тата седница ја разгледа и ја усвои предлог–одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација.
На оваа седница, соопшти владината прес-служба, Владата го разгледа и усвои предлог–законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Оваа предлог одлука е донесена за да се обезбеди непречено задолжителното социјално осигурување на категоријата „индивидуален земјоделец“, односно на лицата на кои земјоделската дејност им е единствено занимање и кoи остваруваат приход по основ на вршење земјоделска дејност.
- Со оваа одлука се предвидува и корекција на висината на највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси, стои во соопштението.
На предлог на Министерството за здравство на денешната седница на Владата е разгледан и усвоен предлог–законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, со кој се предлага промена на категоријата на осигуреници „носител на семејно земјоделско стопанство“ во категорија на осигуреници „индивидуални земјоделци“ со цел нивно непречено внесување во системот на задолжителното социјално осигурување.
Владата денеска ја разгледа и усвои Предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.
Оваа одлука е донесена врз основа на увидената потреба во нејзината работа да бидат вклучени и претставници од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство кои ќе се повикуваат по потреба.
Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со формирање на Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, со склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Република Македонија, во областа на сузбивање на организирани форми на криумчарење мигранти и трговија со луѓе.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени