Бизнис
12. December 2017 - 22:05

Владата го усвои Дополнетиот предлог буџет за 2018

Дополнетиот предлог на буџетот за 2018 година со прифатените амандани од комисиската расправа во Собранието е усвоен на денешната редовна седница на Владата

Во Дополнетиот предлог, како што информирал на седницата министерот за финансии Драган Тевдовски, се направени зголемувања на финансиски средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, од 200 милиони денари кај блок дотации за градинки, основни и средни училишта и културни установи на регионално ниво,  во Фондот за здравство од 100 милиони денари и во Инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари.

Прес-служба на Владата соопшти дека буџетот за 2018 година веднаш по усвојувањето е проследен до Собранието на усвојување