Бизнис
16. August 2017 - 17:31

Владата го укина покачувањето на пензиите од 5%, ќе се бара друг метод

Пензионерите нема повеќе да добиваат покачување на пензиите од околу 600 денари.. Зголемувањето од септември  ќе биде помалку од 1 отсто. Од Сојузот на пензионери велат дека најпогодени ќе бидат оние со најниски пензии однсно повеќе од половината. Како што информираат сега покачувањето кај најниските пензии ќе биде само 75 денари. Кај највисоките околу 400 денари.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ ја искритикуваа владеачката партија за укинувањето на најавеното и планирано покачување на пензиите.

Од Министерството за труд соопштруваат дека нема да ја продолжат политиката на претходната влада за линеарно зголемување на пензиите од 600 денари.

“Усогласувањето на пензиите се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување  и тоа според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот  на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во предходното полугодие во однос на полугодието кое му предходи.” Велат од МТСП.

Со буџетот за 2017 беше предвидено зголемување на пензиите за 5 отсто, но со ребалансот парите за повисоки пензии се скратени. Зголемувањето од 600 денари за сите пензионери  во последните 4 години беше политичка одлука на ВМРО ДПМНЕ позитивно дочекана од сите пензионери.