Македонија
7. November 2017 - 19:49

Владата го предложи Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител

- Сите министри едногласно застанале зад предлогот на Собранието да му биде предложено Љубомир Јовески да биде именуван за јавен обвинител на Република Македонија. Станува збор, според Владата, за човек со долгогодишно искуство кој има капацитет да ја врати довербата на граѓаните во институцијата Јавен обвинител. 

 - Тоа што денеска се случи на седицата беше усогласено од сите членови на Владата. Биографијата што ја има Јовески е исто така чисто, беспрекорно, без ниту една дамка, изјави вечерва портпаролот на Владата Миле Бошњаковски по завршување на седницата. 

Љубомир Јовески, како што додаде владиниот портпарол, има долгогодишно искуство. Тој е професионалец, независен кандидат и Владата смета дека е личност која има капацитет целосно да ја врати довербата на граѓаните во институцијата јавен обвинител.

Тој рече дека целата постапка се одвивала транспарентно од почеток до крај и оти Владата ги разгледа и двете позитивни мислења од Советот на јавни обвинители.

Јовески има 63 години и сметаат дека може да го заврши мандатот согласно законските