Македонија
21. March 2018 - 17:05

Владата го отвори процесот за јавно приватно партнерство

Клиники, болници и институти најверојатно ќе одат под концесија. Владата го отвори процесот за јавно приватно партнерство во здравствениот сектор. Засега нема детални информации кој и колку време ќе менаџира со установите бидејќи според надлежните постапката е се уште во почетна фаза. Но како и да е, од Владата велат дека приватниот партнер ќе мора да исполнува одредени законски обврски.

- Приватниот партнер ќе може да финансира, дизајнира, реконструира или изгради нов објект на јавна инфраструктурана површина, но ќе мора даја исполни законската обрска да обезбеди на крајот јавна услуга за пациентите, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.   

 Здравствените власти очекуваат дека ќе има заинтересирани партнери кои ќе можат да помогнат и во едукација на македонските лекари, доколку донесат и странски експерти. Неофицијално, први под концесија би оделе здравствени објекти на кои им треба реновирање а не е исклучена можност ада се почне и со регионални центри кои би биле управувани од приватни партнери. Како што дознаваме, пред неколку месеци во земјата, пред владини претставници  презентација имала странска компанија која веќе менаџира со болници во неколку земји. Предложила покрај менаџирањето, во првите неколку години да изгради и здравствени установи како и да инвестира над 400 милиони евра. Но не се знае дали истата фирма ќе  да стане партнер на државата.

Инаку, проект за јавно приватно партнерство изминатите години промовираа неколку министри за здравство.