Бизнис
12. September 2017 - 20:33

Владата го одобри анекс договорот за финиширање на автопатот Миладиновци-Штип

Владата на Република Македонија на денешната седница гоприфати текстот на Анексот кон Договорот за изградба на патната делница Миладиновци-Штип заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата Синохидро.

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ја разгледа информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци–Штип и патна делница Кичево-Охрид, заради склучување Анекс кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци–Штип. На седницата беше разгледан и прифатен текстот на Анексот кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци - Штип заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата Синохидро.

Владата одлучи вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев,министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и в.д. директорот на Јавното претпријатие за државни патишта  Зоран Китанов да го потпишат Анексот број 1 кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци - Штип, откако тој ќе помине и ќе биде усвоен низ процедурата во Соранието на Република Македонија.