Македонија
25. September 2015 - 19:12

Владата финансира проекти во Охрид, Струга, Вевчани

Инфраструктурните проекти на државно ниво не се единствените со кои се овозможува подобрување на животниот стандард. Особено значајни се инвестициите во локалната инфарструктура, преку изградба на патишта и инфраструктурни проекти. Според анализите само во југозападниот регион од Охрид , преку Струга, Дебартца Вевчани па се до Брод, во моментов се инвестираат околу 5,7 милиони евра за локални пркети.

Дел од овие средства во Охрид се користат за реконструкција на неколку патишта, како и за фекални кананизации.

Во Струга. Исто така во локалната инфраструктура спаѓаат реализација на про0екти поврзани со локални патишта, како и цевководи за феркална канализација.

Со помош од централната власт во Дебарца се финансирани пртоекти за изработка на урбанистички планови за неколку населени места и за регионален колектор.

Во Вевчани, пак покрај локалните улици се гради и канализациони линии.

Со владини средства, ваков вид на проекти ќе се реализираат и во Македонски Брод. За оваа општина Владата само оваа година преку Програмата за рурален развој обезбедила 38 милиони денари за реализација на три проекти.

Градоначалниците на сите општини се едногласни дека со овој вид на владина поддршка општините многу полесно ги решаваат децениските проблеми. За нив и за граѓаните овие проекти се доказ дека Владата посветено работи на подобрување на животот на граѓаните во сите региони и општини во државата.