Владата донесе одлука да станат јавни договорите за државна помош со странските инвеститори
Владата донесе одлука да се покрене постапка со која ќе станат јавни сите информации и договори за доделување државна помош на странските инвеститори.
Владината прес-служба попладнево соопшти дека на денешната седница е донесена одлука да се покрене постапка за декласификација на класифицираните информации и договори за доделување на државна помош, склучени меѓу Владата и странските инвеститори.
- На денешната седница, Владата донесе одлука со која се задолжуваат Агенцијата за странски инвестиции и техничко-развојните индустриски зони, како и сите останати министерства и државни органи, кои поседуваат класифицирани информации и договори за државна помош, и тие да ги покренат постапките за достапност на овие информации и договори, се вели во соопштението.
За ефикасно спроведување на одлуката, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да достави листа на класифицирани информации и договори за државни субвенции на странските компании и утврди рок од седум дена за реализација на оваа иницијатива.
- Иницијативата за декласификација на информациите и договорите за државна помош за странските компании е мерка предвидена со Планот 3-6-9, се наведува во соопштението од владината прес- служба.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација