Бизнис
23. August 2017 - 8:36

Владата даде поддршка за проектот за формирање земјоделски задруги

Владата на вчерашната 24-та седница ја усвои Информацијата за реализација на проектот формирање и поддршка на земјоделски задруги.

Со реализиацијата на проектот се овозможува развој на земјоделските стопанства, кои преку поттикнување на економско здружување во земјоделски задруги, со заеднички настап во производството, продажбата и пласманот на своите производи, ќе добијат можност за зајакнување на нивната пазарна улога, за зголемување на конкурентноста и ефикасноста во работењето и за зголемување на индивидуалниот приход на земјоделецот.