Бизнис
16. August 2017 - 21:10

Влада: Проектите за самовработување со кредитирање со слаба реализација

Мерките и програмите за самовработување со кредитирање не го даваат саканиот ефект. Вака одлучила Владата на вчерашната седница. Затоа ја задолжиле Агенцијата за вработување за 40 дена  да изготви заклучок и детална анализа со точни и прецизни бројки. Станува збор за проектите кредитирање со самовработување, кредитирање за отворање нови работни места во постоечки компании,  кредитирање за  самовработување  млади до 29 години, како и кредитирање фирми кои ќе вработат млади  до 29 годишна воздраст.  

Овие мерки предвидуваа невработените млади кои ќе започнат сопствен бизнис да земат по 7 илјади евра и плус по 4 илјади за секое новоотворено работно место, односно  максимум 23 илјади евра. Компаниите пак кои ќе вработат по тројца млади до 29 години можат да земат кредит до 9 илјади евра. Невработените кои сакаат да започнат сопствен бизнис од поголем обем, можат да земат кредит до 21 илјада евра. Каматата кај овие кредити изнесуваше само 1% и една година имаа грејс период.

Но познавачите велат дека невработените, како и фирмите гја избегнуваа оваа мерки,а поголем интерес имаат за грантовите, односно за мерките кои опфаќаат неповратна финансиска помош. Последните резеулати од меркиите за самовработување со кредитиирање  покажуаават дека се пријавиле само 10 фирми, 30 тина млади до 29 години и 52  лица невработени над оваа воздраст.