Бизнис
16. August 2017 - 10:35

Влада на РМ: Законот за енергетика меѓу приоритетните

Законот за енергетика да биде меѓу приоритетните, препорача Владата на вчерашната седница.

По предлог на Комисијата за економски систем и тековна економска политика, Владата го разгледа Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата вицепремиерот за економски прашања информирал за состанокот во Секретаријатот на Енергетска заедница во Виена, одржан на 9 август годинава.