Свет
27. February 2017 - 17:52

Влада на Британија: На Шкотите не им треба нов референдум

Заканите за нов шкотски референдум за независност создадоа непотребна неизвесност и поделби, изјави портпаролот на британската Влада одговарајќи на прашања на медиуми кои јавија дека шкотските националисти подготвуваат референдум.

– Прашањето не е – може ли да се одржи втор референдум, туку треба ли да се одржи, а едноставен одговор на тоа е – не, изјави портпаролот.

Тој додаде дека заканите за референдум создале непотребна неизвесност и поделби. Според него, по одлуката да останат во Велика Британија од 2014 година, „сега сите докази покажуваат дека народот во Шкотска не сака нов референдум“.