Македонија
27. July 2016 - 16:26

Вкупно 700.000 евра достапни за средните стручни училишта

Десетте најдобро рангирани проекти за развој на вештини и поддршка на иновации, кои имаат за цел поврзување на средните стручни училишта со бизнис заедницата, заради унапредување на практичните вештини и знења на учениците, ќе добијат грантови во висина од 5000 до 20000 евра. Јавниот повик за учество со проекти во оваа грант програма вредна 700.000 евра, бил отвроен заклучно со 15 мај, а упатен до сите 75 јавни средни училишта.

Од МОН најавуваат дека во иднина ќе следат уште неколку фази во кои ќе бидат спроведени и сите останати 44 проекти, за кои е донесена одлука да бидат финансиски поддржани.