Бизнис
22. April 2017 - 16:59

Вкупно 30 компании заинтересирани за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река

Вкупно 30 компании заинтересирани за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Покрај домашни конзорциуми понуди доставиле компании и од Турција, Русија, Канада, Кина, Швајцарија и Грција. Пристигнати се 14 технички решенија за изградба на хидроцентралите. Реномирана германска светска компанија ќе биде задолжена до крајот на јули да одлучи кој предлог или која фирма доставила најповолно решение за овој проект. Тендерот ќе биде објавен до почетокот на следната година. Надлежните се надеваат дека овој пат Чебрен и Галиште конечно ќе добијат свој сопственик.

Со изградбата на Чебрен и Галиште ќе се добие енергетски проект кој значително ќе придонесе во вкупното домашно производство на електрична енергија.

Претходно проeктот за изградба на Чебрен и Галиште на Црна Река неколку пати заврши без успех.  Со изградбата на нови енергетски проекти значително ќе се намали увозот на струја. Мицковски уште еднаш потенцираше дека струјата засега нема да поскапи и покрај увозот кој беше направен во зимскиот период поради екстеремно ниските температури.