-->
-->
Вкупно 1.005 осигуреници од Куманово, Липково и Старо Нагоричане ги подигнале здравствените електронски картички
-->
Вкупно 1.005 осигуреници од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане до денеска ги подигнале здравствените електронски картички од подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување, информира раководителот на подрачната служба на ФЗОМ Куманово, Ридван Асани.
Тој информира дека дневно, во просториите на институцијата, поминуваат помеѓу 120 до 130 лица кои ги подигаат електронските здравствени картички за кои претходно поднеле барање.
- На 25 јануари годинава до подрачната служба од Фондот за здравствено осигурување,доставени се 5.772 елктронски здравствени картички, изјави Асани.
Тој апелираше до осигурениците навреме да си ги подигнат здравствените картички и појасни дека со здравствената картичка, осигурениците добиваат пин за понатамошна заштита и употреба кој се активира при посетата на матичните лекари.
Фондот претходно направил измени и во правилникот за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување.
- Децата до тригодишна возраст немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи правата од здравствено осигурување ќе ги реализираат преку еден од родителите, изјави Асани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка