Македонија
10. November 2015 - 8:30

Високи температури до петок, а потоа... Што ќе се случува со времето?

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а поголемо наоблачување ќе има во североисточниот дел од земјава. Ќе дува умерен долж Повардарјето и на повисоките места засилен ветер од северозападен правец што ќе овозможи извесно прочистување на атмосферата.

Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе искачи до 18 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време. Под влијание на малку потопла воздушна маса од југ дневната температура ќе биде во благ пораст, меѓутоа од сабота повторно ќе опаѓа.