Виртуелни изложбени тури по повод 53 години од скопскиот земјотрес
„Скопје 63 - виртуелни изложбени тури“ е насловена изложбата која ќе биде отворена вечер во Музејот на Град Скопје по повод 53 години од трагичниот скопски земјотрес.
Во изминатите години Музејот создаде импресивна збирка на предмети, фотографии, филмски записи, архивски документи кои беа прикажувани на годишните изложби организирани на секој 26 јули, но за да ги запознае младите со трагичниот настан од 1963-та Музејот конципираше нов изложбен модел базиран врз дигиталните технологии т.е. на јазик кој им е разбирлив јазик на младите генерации.
- Годинава започнуваме со дигитално-виртуелно претставување на конвенционалните изложбени концепти, со што на граѓаните ќе им понудиме многу поголем број информации. Виртуелниот концепт на претставување на музејскиот материјал кој го започнуваме ќе биде постојано надополнуван со нови идни концепти со што ќе се создаде база за создавање Виртуелен музеј на 26 Јули. На тој начин сите информации и предмети кои Музејот на град Скопје ги собираше изминативе години ќе бидат достапни за граѓаните на светот еднакво како и за граѓаните на Македонија, презентирани на неколку светски јазици, информира Музеј на Град Скопје.
За годинашното одбележување се изработени виртуелни изложбени тури со 360* приод до четири конвенционални изложби, каде посетителите на веб-страниците на Музеј на град Скопје и на Град Скопје ќе имаат можност интерактивно да ги избираат и разгледуваат содржините по сопствен избор во текот на целата година.
Избраните четири изложби во продукција на Музеј на град Скопје се на темите: 2006-Граѓаните на светот за граѓаните на Скопје; 2009-Скршениот град; 2013-Скопје 63 - одбележување 50 години од земјотресот; 2014-Скопје 63 - Филмска хроника на едно време.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња