Македонија
26. March 2016 - 9:32

Виoлетов ден за поддршка на лицата со епилепсија

Хуманитарен настан по повод 26 Март - Светскиот ден за борба против епилепсија (Виолетов ден) ќе се одржи денеска во Скопје. 

Виолетовиот ден е посветен на напорите за зголемување на свеста за еплипесијата во светот.  

Здружението „Епилепсија Македонија“ во соработка со Лигата за борба против епилепсија организира  активности под мотото „Различни, а сепак исти“ на плоштадот „Македонија“ и во „Скопје сити мол“ и на градскиот плоштад во Прилеп.

Во „Скопје сити мол“ ќе се одржи едукативно предавање за епилепсијата и проблемите на лицата со таа болест, а поддршка на настанот ќе дадат повеќе артисти со свои настапи.