Македонија
28. September 2015 - 17:39

Виноскоп од 30. септември до 4. октомври кај салата ,,Борис Трајковски‘‘

20 македонски вински брендови, богата музичка програма исполнета со голем број домашни и странски ѕвезди. Скопје и годинава ќе биде центар на ноќниот живот од 30-ти септември до 4-ти октомври. 9-от виноскоп кој стана традиција, се очекува да го наполни градот со туристи и посетители.

Фестивалот годинава ќе се оддржи на нова локација која според организаторите е најповолна за овој настан.

Градот за организацијата на овој традиционален настан од буџетот издвои 500 илјади денари.