-->
-->
Вимблдон: Вавринка елиминиран во 1.коло
-->
Русинот Данил Медведев го направи првото големо изненадување на Вимблдон, откако на првиот натпреварувачки ден го елиминира третиот светски рекет Станислас Вавринка.
Медведев кој се наоѓа на 49.место на АТП ранг листата победи со 3-1, по сетови 6:4, 3:6, 6:4 и 6:1, но треба да се нагласи дека Вавринка во текот на мечот имаше проблеми со повреда.
Швајцарецот неколку пати бараше медицинска помош, но и тоа не му помогна да го избегне поразот по кој си го загрози 3.место на АТП, бидејќи Новак Ѓоковиќ со пласман во 4.коло би го поминал Вавринка на светскиот поредок. За Вавринка ова беше 13.то учество на Вимблдон и шести пат е елиминиран во 1.коло.
Во женска конкуренција настапот го заврши финалистката од 2013 година Германката Сабине Лисицки која загуби од Ана Коњух од Хрватска со 2-0 во сетови.
Од другите големи фаворити во машка конкуренција на Грен слемот во Лондон, на стартот немаа проблеми Енди Мареј и Рафаел Надал, додека денеска своите први настапи ќе ги имаат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка