Тенис
9. July 2015 - 18:11

Вимблдон: Серена Вилијамс повторно подобра од Шарапова

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс оствари уште една победа над Марија Шарапова и се избори за своето осмо финале на Вимблдон. Таа во полуфиналето за 1:19 час ја победи Шарапова со 6-2 и 6-4 во сетови.

Вилијамс има вкупно пет победи, а последен пат во финалето на Вимблдон играше во 2012 година.
Во првото полуфинале Мугуруза ја победи Радванска со 2-1 во сетови.
Во меѓусебните дуели Вилијамс има предност од 2:1 во победи над Мугуруза.