Тенис
1. July 2015 - 13:38

Вимблдон: Роже и Рафа во 2. коло

Роџер Федерер и Рафаел Надал во машка, односно Петра Квитова во женска конкуренција експресно го минаа првото коло на третиот сезонски Грен слем турнир, Вимблдон.
 
Вториот носител на Вимблдон, Швајцарецот Федерер, во три сета славеше против Босанецот Дамир Џумхур. Седумкратниот освојувач на Вимблдон во првиот сет загуби еден гем, а во наредните два по три гема.
 
Првото коло во три сета го мина и десеттиот фаворит Рафаел Надал. Шпанецот славеше над Бразилецот Томас Белучи со 6:4, 6:2, 6:4.
 
Пласман во второто коло меѓудругите изборија Долгополов, Сепи, Дакворт, Троицки, Фоњини, Квери.
 
Бранителката на титулата кај дамите Петра Квитова за само 35 минути избори пласман во наредната рунда. Квитова со 6:1, 6:0 славеше над Холанѓанката Кики Бертенс.
 
Уште поубедлива во првата рунда беше Анжелик Кербер, која на сонародничката Карина Витхофт не и препушти ниту еден гем.