Тенис
28. јуни 2017 - 15:15

Вимблдон: Круниќ ја елиминира Лина

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа дебитираше денеска на Вимблдон каде во првото квалификациско коло загуби од првата носителка Александра Круниќ со 6-4 и 6-4.

Тоа беше меч во кој Лина влезе храбро и играше солидно но Круниќ која е 99-та на ВТА листата успеа рано да направи брејк во двата сета и да дојде до триумф. 
Србинката минатата сезона стигна до 3. коло на Вимблдон.