Тенис
27. јуни 2016 - 16:03

Вимблдон: Ивановиќ елиминирана од 223.та тенисерка на светот

Најголемото изненадување на првиот ден на Вимблдон е поразот на Ана Ивановиќ која загуби во 1.коло од Екатерина Александрова од Русија.

Руската тенисерка двата сета ги доби со 6-2 и 7-5 во гемови, а ова е нејзино прво учество на Грен слем турнир.
Александрова (22 години) се наоѓа на 223.место на ВТА листата и на турнирот избори настап преку квалификациите.