Тенис
3. July 2015 - 18:43

Вимблдон: Елиминиран Димитров, победи на Ѓоковиќ и Вавринка

Големата надеж на бугарскиот тенис, Григор Димитров одигра слаб меч против Ришар Гаске и го загуби убедливо со 3-0 со што ги заврши натпреварите на Вимблдон уште во второто коло. 
Затоа пак без никакви проблеми првиот носител Новак Ѓоковиќ го елиминира Бернард Томиќ и тоа во три сета колку што му беа потребни и на Станислас Вавринка во дуелот со  Вердаско. 
Второто изненадување на денот го приреди Австралиецот Кирјос кој славеше против канаѓанецот Раониќ со 3-1. 
 
Багдатис - Гофлин 0-3
Кирјос - Раониќ 3-1
Димитров - Гаске 0-3
Вавринка - Вердаско 3-0
Мајер - Андерсон 0-3
Ѓоковиќ - Томиќ 3-0