-->
-->
Вимблдон: Бердих заврши пред темницата
-->
Чешкиот тенисер Томаш Бердих (6.носител) последен се пласира во второто коло на Вимблдон во машка конкуренција. Неговиот меч со Французинот Жереми Шарди заврши околу 21.30 часот по локално време, но организаторот сепак се реши тенисерите да го доиграат четвртиот сет иако триесетина минути порано поради прописите беа прекинати два меча во женска конкуренција. Бердих кој водеше со 2:1 во сетови успеа да го добие тај брекот во четвртиот сет со 7:5 на поени и со тоа да има ја олесни и работата на организаторите.
Инаку и вчерашните мечеви кај мажите не донесоа некоја поголемна сензација, па така фаворитите успешно го елиминираа своите ривали. Љубителите на тенисот во следната рунда ќе можат да ги гледаат: Рожер Федерер, Енди Мареј, Рафаел Надал, Жо Вилфред Цонга, Жил Симон, Иво Карловиќ.
Во женска конкуренција елиминација доживеа третата носителка Романката Симона Халеп од Јана Чешалова од Чешка, додека турнирот заврши и за ланската финалистка Јуџин Бушар од Канада, која загуби од Јинг-Јинг Дуан од Кина. Затоа пак другите фаворитки успеѓно ја минаа првата пречка и пласман во второто коло обезбедија: Петра Квитова, Каролине Возниачки, Екатерина Макарова, Сабине Лисицки, Анжелик Кербер и Јелена Јанковиќ.
Денеска на програмата на третиот ден на Вимблдон се првите мечеви од второто коло во двете конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација