Македонија
10. November 2016 - 17:45

Викиликс: Демократите помогнаа да победи Трамп

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи во трката за претседател на САД, затоа што тоа му го овозможи Демократската партија со тоа што ја кандидра Хилари Клинтон наместо Берни Сандерс, тврди Викиликс.

Речиси сите аналитичари тврдат дека сенаторот Сандерс можеше да го победи Трамп, но во тоа го спречила Демократската партија кога ја поддржа Клинтон.

Викиликс тврди дека естаблишментот на Демократската партија на сите можни начини ја поддржуваше Клинтон, со што Трамп доби полесен противник, со оглед на нејзините бројни скандали.