Викендов во Скопје 35 сообраќајки со 32 повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 35 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобило едно лице, во 16 полесно се повредени 31 лице, а 17 сообраќајки поминале само со причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 10 сообраќајни незгоди. Во две од нив со полесни телесни повреди се здобиле две лица, а осум се со причинета материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои во седум сообраќајки повредени се 13 лица, а три се со материјална штета. Случена е и една незгода со последици тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а со телесни повреди четири лица.
Во недела извршен увид е на 14 сообраќајни незгоди. Дванаесет лица се полесно повредени во осум сообраќајки, а шест се со причинета материјална штета.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се девет возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, осум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 10 возачи поминале на црвено светло на семафор, 19 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 33 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 82 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 78 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација