-->
-->
Викендот се претвори во крвава драма во Прилеп
-->
Вистинска драма се одвивала во Паркот кај Могилата на непобедените во Прилеп, викендов во 12 часот, кога 46-годишниот Т.С. од Прилеп со семејството отишол да кампува. Полицијата денеска информира дека на Т.С. му пришле две непознати лица, прашувајќи го за некои девојки, а потоа влегле во соседниот шатор, каде започнале расправија со лицето што било во него и две девојки.
Откако Т.С. влегол внатре да ги смири, непознатите лица заминале. По околу десетина минути, лицата се вратиле заедно со група од околу 20-30 лица и почнале да удираат по возилата со раце и шипки, а потоа го нападнале него, неговиот син и пријателот, нанесувајќи им видливи повреди.
Полициска станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење