Македонија
7. April 2017 - 8:16

Викенд временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито, во крајните западни делови со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, поизразен долж Повардарието каде ќе надмине брзина од 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне 15 степени.

Во наредните денови се очекува стабилизирање на времето. Ќе дува ветер од јужен правец. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните температури ќе бидат во пораст.