Балкан
28. July 2017 - 9:07

Викенд на мртовци во Србија: Покојната Бранка ја чекаа во Ваљево, ама таа „стигна“ во Белград

Погребот на Бранка Богдановиќ (67) од Ваљево доцнел 5 часа зошто ковчегот со телото на покојната по грешка бил транспортиран во Белград.

Нејзините ќерки за пропустот ги обвинуваат надлежните во мртовечницата во болницата во Ваљево, од која по повод овој случај, официјално не се огласија. Неофицијално, во Општата болница во Ваљево спроведена е комплетната процедура, но се почнало кога наместо В.С. од Белград нејзините роднини, кои дошле по покојната, по грешка ја идентификувала и презеле Бранка Богдановиќ.

Черките на Бранка, Мирјана и Биљана Богдановиќ, велат дека по првиот шок, кога нивната мајка наеднаш околу полноќ починала во својата куќа, следел набрзо и друг кгоа во мртовечницата од Општата болница констатирале дека ковчегот со телото го НЕМА!

-За се беше известена полицијата, и се надеваме дек ќе го истражи случајот. Лесно можеше да се случи, нашата мајка да биде погребана во гробот на жената од Белград или да биде кремирана. Кој знае какви проблеми ќе настанеа тогаш, односно на кој начин ќе беше решено исчезнувањето на нејзиното тело. Никој од болницата не не контактираеш и да ни објасни што се случило и како дошло до грубиот пропуст, велат ќерките на Бранка кои ангажираа и адвокат.

-Ќе дознаеме кој е виновен за оваа грешка, силниот стрес и тагата која ја доживеавме ќе ја паметиме цел живот.

Сопственикот на погребалната служба која за погребот ја ангажирале Биљана и Мирјана дознал дека ковчегот со телото на Бранка се наоѓа на гробиштата Лешќе во Белгра. Веднаш го известил семејството на покојната В.С. од Белград и кога тие го кренале капакот, исто така се шокирале кога виделе дека во него е непозната жена.

-Го презедов ковчегот со телото на Бранка, и од белградските гробишта го донесов до гробиштата во Ваљево, па е погребана до пет часа задоцнување, вели сопственикот на погребалното кој за 14 години работа, немал случај на замена на мртовци.

Полицијата случајот го предаде во Вишото обвинителство зарада натамошно постапување.