Свет
26. January 2017 - 15:19

Виена: Осум лица се приведени поради можни врски со ИД

Австриската полиција денеска приведе осум лица при рациите спроведени во Виена и Грац во рамките на истрагата за можните врски со екстремистичката Исламска држава, соопшти денеска австриското обвинителство. 

Во рациите учествувале 800 полицајци. 

Полицијата спровела рација и во една џамија во Грац, јави Танјуг.