Кошарка
20. October 2017 - 21:34

(ВИДЕО+ФОТО) Црвена звезда ја „реши“ фаворизираната Барса

Кошаркарите на Црвена звезда славее победа над фаворизираната Барселона во меч од 2.коло на Евролигата. 
 
На средбата одиграна вечерва во Белград, Црвена звезда ја победи Барселона со 90-82. До овој триумф црвено-белите ги предводеше Милко Бјелица кој постигна 23 поени, еден повере од Американецот, Тејлор Рочести. 
 
Забележителна улога имаа и Французинот, Матијас Лесор со 13 поени и 9 скокови, како и поранениот македонски репрезентативец Перо Антиќ кој покрај 10 поени имаше и 9 скокови. 
 
 
 
Од денешната програма веќе заврши и мечот Химки – Жалгирис со победа на рускиот тим од 85-77. 
 
Во тек се последните две средби во кои играат, Олимпијакос – Уникаха и Валенсија - Анадолу Ефес.