Кошарка
5. November 2017 - 11:13

(ВИДЕО) Трет триумф во низа за шампионот Голден Стејт

 
 Актуелниот НБА шампион Голден Стејт ја оствари и третата победа во низа откако ноќеска на гостувањето кај Денвер забелжа убедлив триумф  со 127:108. 
 
Триото, Дурент-Кари-Грин беше незрешива енигма за домашниот тим. Кевин Дурент беше најефикасен во редовите на „Воините“ а средбата ја заврши со учинок од 25 поени и по 7 скокови и асистенции. Стивен Кари оствари дабл-дабл учинок со 22 поени и 11 асистенции, додека Дрејмонд Грин покрак 15 поени имаше 8 скокови и 7 асистенции. 
 
 Во домашниот тим, подобар од останатите беше Вил Бартон кој запиша 21 поен, 8 скока и 5 асистенции.
 
Со оваа победа Голден Стејт се проби на првото место во Западната конференција. 
 
https://
 
Во дербито на вечерта одиграно во Лос Анџелес, тимот на Минасота му го нанесе третиот пораз сезонава на составот на Клиперси совладувајќи го со 113-104. 
 
Во победничката екипа, тројца играчи постигнаа дваесет и повеќе поени. Конели впиша 22, Шпанецот Марк Гасон еден помалку (21), а Еванс застана на точно 20. 
 
На „Клипериси“ не им помогна нити расположениот Блејк Грифин кој оствари дабл-дабл учинок со 30 поени и 11 скокови. 
 
 
На останатите натпревари одиграни синоќа беа постигнати следниве резултати: Детроит - Сакраменто 108:99, Чикаго - Њу Орлеанс 90:96, Минесота - Далас 112:99, Денвер - Голден стејт 108:127. ит/