Ракомет
15. January 2018 - 21:02

(ВИДЕО) Шпанија тешко се справи со Унгарија

Селекцијата на Шпанија ја оствари втората победа на Европското ракометно првенство што се одржува во Хрватска. 
 
Шпанците во меч од 2.коло на Д групата, чиј домаќин е Вараждин со 27-25 ја победија Унгарија. 
 
Речиси во текот на целиот меч резултатската неизвесност беше присутна, исклучок на двете водства на „црвената фурија“ со три гола разлика. Шпанците го добија првиот дел со 13-12. 
 
Во второто полувреме, Унгарците постојано беа на гол-два негатива, а во неколку наврати успеаја да стигнат и до израмнување, последното 20-20. Сепак унгарските ракометари немаа доволно сила до крај да направат пресврт, па во завршницата Шпанија стигна до победа со два гола разлика 27-25. 
 
Ова е втора победа на Шпанија, со која и дефинитовно обезбеди место во главната фаза во која ќе ги очекува трите првопласирани селекции од Ц групата меѓу кои очекуваме да биде и Македонија.