Loading Video...
Спорт плус
17. February 2018 - 18:15

(ВИДЕО) Освојувачи на медали на осмиот натпреварувачки ден за ЗОИ

Јапонецот Јузуру Ханју влезе во историјата на Зимските Олимписки Игри. Тој го освои златниот медал во слободната програма во уметничко лизгање,  со што стана носител на јубилејниот 1.000-ти златен медал, откако почнаа да се одржуваат ЗОИ во 1924 година.  Воедно со одбраната на титулата во индивидуална конкуренција и стана прв лизгач кој успеал да освои две последователни злата после Американецот Дик Батон во 1948 и во 1952 година.
 
Покрај Јапонецот, место во историјата на зимските олимпијади си обезбеди и Норвежанката, Марит Бјоерген. Токму Бјоерген беше во последната измена во штафетата на Норвешка која го освои златниот медал во крос-кантри трката 4х5.километри, пред Шведска и Русија. За неа ова беше трет медал на Олимпијадата во Пјонгчанг, а вкупно 13-ти во кариерата со што се израмни со сонародникот Оле Еинар Бјорндален како најуспешни олимпијци. 
 
На биатлонската трка 12,5 км. масовен старт златото и припадна на Анастасија Кузмина од Словачка, која беше најбрза, но и најпрецизна во оваа трка. И за неа ова беше трет медал (прв златен) во Пјонгчанг,откако претходно освои две сребра. 
 
Естер Ледецка од Чешка направи најголемото изненадување со победата во женскиот супер-велеслалом. Ледецка, чија специјалност е сноубордот, трката ја заврши за само 1 стотинка побрзо од Ана Фајт од Австрија, која ја бранеше титулата освоена пред четири години во Сочи. Инаку Ледецка најдобрите резултати ги има остварено во сноуборд, а таа е и  актуелна шампионка во паралелен велеслалом.
 
Беа поделени и два сета на медали во брзо лизгање, на кратки патеки. 
На задоволство на домашната публика петкратната светска првенка Корејската лизгачка Чои Мин Јеонг го освои златниот медал на 1.500 метри, додека на 1.000 метри кај мажите златото го освои Самуел Џерард од Канада.
 
Злато и сребро освоија претставничките на Швајцарија во дисциплината „слоп-стај“ во слободно скијање. Најдобри оценки за својата изведба доби Сара Хоефлин, која го освои златниот медал, додека нејзината сонародника Матилде Гремауд го освои среброто, а Британката Исабел Еткин бронзената. 
 
Британката Линдси Јарнолд е новата олимписка шампионка во скелетон кај дамите, додека златниот медал на голема скокалница во машка конкуренција поединечно му припадна на Кампл Штох. 
 
Полјакот, Штох кој две години во низа триумфираше на турнејата Четири Новогодишни скокалници, го освои златниот медал на Олимпијадата во Пјонгчанг, благодарение на највисоките оценки кои ги доби од судиите за скоковите од 135 во првата и 136,5.м. во втората серија. 
 
Германецот, Андреас Велингер кој имаше најдолг скок денеска со 142.метри мораше да се задоволи со среброто, а бронзата му припадна на Роберт Јоханскон