Македонија
17. October 2017 - 23:28

Видео од сообраќајката кај Умчар каде загина една Македонка и тројца се повредени

Едно лице е мртво а уште три се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Умчари. Како што неофицијално дознава Србија Денес, до несреќата дошло на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот кој е во правец на Ниш, кога автомобилот од марка „Ауди А6“ со макдонски регистерски таблици излетал од патот.

Во возилото имало четири државјани на Македонија, дајца мажи и две жени на возраст од 30 до 35 години кои од Белград се враќале кон Македонија. Повредените се пренесени во Ургентниот центар, а според неофицијалните информации кои ги објави Србија Денес, во несреќата настрадала една од жените.

-Двајца од патниците се во тешка состојба и се борат за живот во Ургентиот центар. Во каква ситуација е возачот на автомобилот, нема информации, јавува Србија Денес.

youtube.com/watch?time_continue=55&v=fwAzo8pqB4A