Фудбал
23. July 2017 - 10:59

(ВИДЕО) Барселона го победи Јувентус со двата гола на Нејмар

 Со двата гола на Нејмар екипата на Барселона славеше победа над европскиот вицепрвак Јувентус во натпревар „Интернационалниот Куп на Шампиони“. 

 
На средбата опдиграна во Њујорк, екипата на Барселона која за прв пат настапи под водство на новиот тренер Ернесто Валверде, го победи Јуувентус со 2:1, со головите на Нејмар во 15 и 26 минута. Бразилецот, за кого деновиве се шпекулира дека ќе мине во редовите на ПСЖ го одигра само првото полувреме. 
 
Голот за Јувентус го постигна Џорџо Кјелени во 63.минута. 
 
Следниот меч во ова натпреварување Барселона ќе го игра во четврток, а противник ќе биде Манчестер Јунајтед кој вечерва (23 часот) ќе игра против европскиот првак Реал Мадрид.