Фудбал
26. April 2017 - 0:47

(ВИДЕО) Ајнтрахт прв финалист во германскиот куп

Екипата на Ајнтрахт е првата која обезбеди пласман во финалето на Купот на Германија. 
 
Тимот од Франкфурт, во полуфиналето го елиминира составот на Борусија Менхенгладбах по подоброто изведување на пенали. 
 
Регуларниот ден од мечот кој се одигра во менхенгладбах заврши нерешено 1-1, а по подоброто изведување на пенали Ајнтрахт славеше победа со 7-6. 
 
Кој ќе биде противник на Ајнтрахт во финалето закажано за 27 мај во Берлин, ќе се знае вечерва по одигрвањето на вториот полуфинален меч во кој Баерн Минхен ќе биде домаќин на Борусија Дортмунд.